• сабота, 28 декември 2024

Збогатена фототеката на музејот „Маруба" со фотографии од областа Гора

Збогатена фототеката на музејот „Маруба
Тирана, 15 мај 2022 (МИА) - Во Министерството за култура во Тирана на посебна свеченост беше предадена фототеката „Докле“ на Националниот музеј на фотографии „Маруби“. 
-Животот на брачните  другари Сафет и Ѓилзаде Докле со потекло од областа Гора во Албанија, населена со Македонци,  беше  поврзан со фотоапаратот. Речиси 100 години после нивното раѓање, нивните синови му донираа на музејот „Маруби” голем дел од фондот што го поседуваа членовите на семејството, пренесува весникот „Македониум“.

Станува збор за повеќе од 20.000 филмови снимени во текот на 50 години кои го опфаќаат општествениот, културниот, уметничкиот и економскиот живот на Кукс и областа Гора.

Според нивниот син Рамадан Докле,  на фотографиите е животот на градот Кукс од 1935 до 1970 година.

- Донирани се 841 ролери кои имаат околу 90 илјади негативи, од кои поделени во албуми со околу 9000 фотографии со печат. Фотографиите се поделени според индукциите или полињата во кои се направени фотографиите. Со овие фотографии се занимавам од 1982 година, а по 2014 година започнав со нивната дигитализација, изјавил Рамадан Докле.

За првпат, по 90-тите години, толку голем фонд се донира на државна институција. Колекцијата ќе служи не само за љубителите на фотографијата, туку и за истражување и научни студии.

Сафет и Ѓилзаде Докле уште на 13 години почнале да ги прават првите фотографии. Иако живееле во време кога алатките и технологијата биле недоволно развиени, успеале да ги зачуваат своите дела. вт/бак/

Остани поврзан