За 24 часа регистрирани 21 кинески авион во близина на Тајван
- Тајванската армија регистрира 21 кинески авион и 15 бродови околу Островот во изминатите 24 часа, соопштија властите на Тајван

Тајпеј, 27 мај 2024 (МИА) – Тајванската армија регистрира 21 кинески авион и 15 бродови околу Островот во изминатите 24 часа, соопштија властите на Тајван.
Десет кинески авиони навлегле во зоната на идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван.
На 23 и 24 мај Кина спроведе воена вежба околу Тајван, неколку дена по инаугурацијата на новиот претседател Лаи Чинг-те. ми/
фото: ЕПА