• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За шест часа санкционирани 429 возачи на мотоцикли низ државата

За шест часа санкционирани 429 возачи на мотоцикли низ државата

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - МВР информира дека во текот на вчерашниот ден од 16.00 до 22.00 часот е спроведена акциска контрола на територијата на државата при што се санкционирани 429 возачи на мотоцикли. Од нив 267 не користеле заштитна кацига за време на возење, а 83 возеле без возачка дозвола. Одземени се и 12 мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

За време на контролата се санкционирани и 189 други видови сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР. мч/дма/

фото: МИА

Остани поврзан