• сабота, 23 ноември 2024

За претседателските избори во Штип утре ќе гласаат 158 болни и изнемоштени лица

За претседателските избори во Штип утре ќе гласаат 158 болни и изнемоштени лица

Штип, 22 април 2024 (МИА) – Во првиот круг од претседателските избори во општина Штип, утре во домашни услови ќе гласаат 158 болни и изнемоштени лица, а затворениците во КПУ Затвор - Штип правото на глас ќе го остварат на избирачкото место, кое ќе биде отворено во 7, а затворено 19 часот, изјави денеска претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК) - Штип, Виктор Вацев. Тој додаде дека доверливиот материјал е пристигнат во ОИК Штип. 

-Утре гласаат лицата кои се пријавени за гласање во домашни услови, односно тоа се болни и немоќни лица. Вкупно на територија на Општина Штип ќе гласаат 158 лица. Утре се гласа и во КПУ Затвор Штип, таму бројката е малку пообемна бидејќи станува збор за лица кои гласаат од цела држава. Материјалот простигна во текот на вчерашниот ден, вели Вацев. 

Од ОИК Штип се децидни дека се е подготвено за спроведување на утрешното гласање во домашни услови. Посетата на домашна адреса започнува од приградските штипски населби. 

-Подготвени се сите. Претседателите на избирачки одбори се известени за часот на подигањето на избирачкиот материјал. Согласно избирачкиот законик, избирачкиот одбор кој има лица кои гласаат во домашни услови во текот на утрешниот ден ќе ги посетат, додаде Вацев. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан