• сабота, 23 ноември 2024

За првпат сеалбанска парада во Тирана по повод Денот на независноста

За првпат сеалбанска парада во Тирана по повод Денот на независноста

Тирана, 28 ноември 2023 (МИА) – Албанија денеска ја одбележува 111-годишнината од независноста и денот на знамето, во чии рамки, покрај другите активности, за првпат се одржува „Парада на Албанците“ под мотото „Црвено - црни корени“, на која учествува албанската дијаспора.

- Парадата, која е традиција во Њујорк веќе 15 години, собра илјадници Албанци од регионите ширум светот во кои се зборува албански. Симболично, еден од учесниците продефилира на плоштадот како нашиот народен херој Скендербег, јави Топ чанел.

Парадата почна од плоштадот „Мајка Тереза“, а на плоштадот „Скендербег“ градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на Албанците им ја честиташе 111-годишнината од Декларацијата за независност.

Според него, Албанците ги живеат „најдобрите денови“.

- Нашата нација никогаш не била попросперитетна и никогаш не сме биле поповрзани од денес. Многу е важно, бидејќи имаме амбиции да одиме напред, да погледнеме малку наназад и да разбереме колку патишта сме поминале заедно, низ колку тешкотии сме поминале заедно. Да се инспирираме од минатото, но се издигнавме посилни, пообединети, станавме подобри, поврзани сме еден со друг на нераскинлив начин, рече Велиај.

Тој претходно во Палатата на Бригадите организираше свечен прием за градоначалниците и високи претставници од „албанските простори“.

Косовскиот премиер Албин Курти, кој беше во Валона, каде е и прогласена независноста, честитајќи го Денот, порача „да се следат идеалите и целите на Скендербег, Исмаил Ќемали и Адем Јашари“.

- Честитки по повод оваа голема прослава на знамето и слободата на независноста и единството за сите Албанци во Албанија, во Косово, каде и да се на Балканот и во светот. Слава на хероите на нацијата, денеска е ден за одмор и празнување, а секој друг ден мора да се работи на идеалите и целите на Скендербег од Круја, Исмаил Ќемали од Валона и Адем Јашари од Преказ, рече Курти.

Оодбележувањето на 28 ноември е во организација на Сојузот на албанските општини во регионот и општина Тирана, во соработка со здружението „Албански корени“ и албанската Влада. вт/паг/

Фото: Ватсап

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан