• сабота, 23 ноември 2024

За половина година во Кочани издадени 70 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот период лани

За половина година во Кочани издадени 70 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот период лани

Кочани, 18 август 2023 (МИА) – Одделението за урбанизам на Општина Кочани регистрирало зголемен интерес за градење објекти во првата половина од оваа година и издало вкупно 36 одобренија за градба, што е за над 70 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Поголем број од одобренијата им се издадени на деловни субјекти, а вкупната проценетата вредност на објектите изнесува над 257 милиони денари.

-Во првите шест месеци позитивно се решени вкупно 51 барање за кои се издадени 36 одобренија, а останатите се решенија за градба, во зависност од тоа за каков градежен објект се работи. Најголем број одобренија се издадени во текот на март и јуни, кога вообичаено има засилена градежна активност, истакнаа од Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

Спред бројот на позитивно решени барања за градење, Кочани е во врвот меѓу општините од Источниот плански регион, каде се издадени над 250 одобренија за градба.

Порастот на бројот на издадени одобренија се толкува како резултат на надминувањето на ковид кризата и загриженоста кај инвеститорите за развојот на ситуацијата во претходниот неколкугодишен период. та/дма/

 

Фото: MИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан