• недела, 24 ноември 2024

За викендов нема прекин во сообраќајот на делницата Маврови Анови - Жировница

За викендов нема прекин во сообраќајот на делницата Маврови Анови - Жировница
Дебар 27 август 2021( МИА) - За време на престојниот викенд нема забрана во сообраќајот на патниот правец Маврово- Дебар делница Маврови Анови -Жировница, информираа од општина Маврово и Ростуше. - Изведувачите на градежните работи на патот Маврови Анови - Жировница не известија дека утре, сабота, 28 август и задутре, недела, 29 август  нема да се изведуваат градежни работи што значи дека нема да има забрана за движење и патот ќе биде прооден, стои во соопштението на општината. На оваа делница од 24 месецов, во период од 10 до 16 часот е воведен изменет сообраќаен режим поради градежни активности, во период од 45-60 дена, е со комплетно затворање на делницата во одредениот временски период во кој се врши асфалтирање на Регионалниот пат Р1202. Делницата е во должина од 18,5 клометри, со ширина од 6 метри, а издвоената вредност за реализација на овој проект е 6,18 милиони евра, средства обезбедени преку ЕБОР. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Со реализацијата на проектот, како што изјави претходно радоначалникот Медат Куртовски,  ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, што значи побезбедно, побрзо и непречено негово одвивање.вт/свс/

Остани поврзан