Захарова: Русија е подготвена да размени 630 украински воени заробеници
- Захарова на прес-конференција во Москва рече дека Русија има за цел брзо враќање на воените заробеници во нивните домови, пренесоа руските медиуми.
Москва, 27 ноември 2024 (МИА) - Русија сега е подготвена да размени 630 украински воени заробеници и да преземе организациски мерки за подготовка на следната размена, а исто така е заинтересирана за конструктивен дијалог со Украина за ова прашање, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Захарова на прес-конференција во Москва рече дека Русија има за цел брзо враќање на воените заробеници во нивните домови, пренесоа руските медиуми.
Таа претходно изјави дека Украина ја користи темата за размена на воени заробеници за да изврши притисок врз Русија.
Портпаролката на руското МНР истакна дека Киев, во рамките на размената, ги брише обичните регрути од списоците за размена, вклучително и оние кои доброволно се предале.сд/
фото:МИА архива