• недела, 15 февруари 2026

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес - Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

АМСМ апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки. дма/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан