Затворање на патот од село Бејли кон Пониква поради натпревар во автомобилизам
- Сообраќајот на патниот правец од кочанското село Бејли кон Пониква ќе биде затворен денеска и утре поради одржување меѓународен натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски

Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец од кочанското село Бејли кон Пониква ќе биде затворен денеска и утре поради одржување меѓународен натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки.
Автомотосојузот информира дека патниот правец денеска и утре ќе биде затворен од полицијата во 10 часот.
Од 12 часот денеска ќе се одржуваат тренинзите, а утре од 12 часот ќе се одржува натпреварот. Патниот правец двата дена ќе биде затворен до завршување на тренинзите и натпреварот. хс/лв/