• недела, 22 февруари 2026

Започна изградбата на секундарна гасоводна мрежа во Куманово

Започна изградбата на секундарна гасоводна мрежа во Куманово

Куманово, 19 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Куманово започна реализацијата на проектот за изградба на секундарна, дистрибутивна гасоводна мрежа, на потегот од дел од улица Видео Смилевски Бато до село Доброшане, во индустриската зона долж патот кон Доброшане, соопштија денеска од Владата.

-Инвестицијата изнесува 10.893.656 денари и претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и унапредување на економскиот развој во Општина Куманово, наведуваат од Владата.

Проектот има за цел проширување на гасоводната мрежа и овозможување пристап до природен гас за деловните субјекти и потенцијалните инвеститори во индустриската зона. Со изградбата на секундарната мрежа се создаваат услови за поекономично, енергетски поефикасно и еколошки поодржливо снабдување со енергија.ам/дма/

 

Фото: Влада

Тагови

Остани поврзан