Запалено стрниште во близина на Охис
- Пожар избувна вечерва во 21:10 часот на стрниште зад фабриката Охис, соопшти ЦУК.

Скопје, 29 август 2033 (МИА) - Пожар избувна вечерва во 21:10 часот на стрниште зад фабриката Охис, соопшти ЦУК.
Пожарот е надвор од кругот на Охид. Гори сува трева, и во моментот се интервенираа со 1 ПП возило и 4 пожарникари.
Од ЦУК информираат и дека во текот на денов се регистрирани 20 пожари на отворено. Изгаснати се 18, а активни се два - во село Батинци во близина на школото и во село Блаце каде што гори нискостаблеста шума./
Фото: МИА архива