• четврток, 26 декември 2024

Заменик министерката за животна средина Оџаклиеска во посета на Општина Берово

Заменик министерката за животна средина Оџаклиеска во посета на Општина Берово

Берово, 23 јануари 2023 (МИА) - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска денес оствари работна средба со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Меѓу главните теми на разговор на средбата како што истакна Пекевски биле можностите за аплицирање за реализирање на проекти со поддршка на соодветните програми на Министерството.

 
-Разговаравме за надлежностите на општината, во делот на заштита на животна средина, за расположливоста со човечки ресурси и стручни служби за покривање на надлежностите и секако за можностите за финансирање, кои ги нуди Министерството, преку соодветни програми, рече Пекевски.
 
Општина Берово како што додаде е секогаш расположена за унапредување на состојбите,  особено кога се работи за заштитата на животната средина изразувајки надеж за унапредување на состојбите на локално ниво
 
Министерката Оџаклиеска како што додадоа од Општината посочила дека Министерството стои на располагање на општините, за било каква поддршка, со цел, заштита на животната средина и правилно управување со отпадот. вс/вг/

Остани поврзан