• среда, 25 декември 2024

Заменик-државниот секретар на САД Викторија Нуланд пристигна во Киев

Заменик-државниот секретар на САД Викторија Нуланд пристигна во Киев

Киев, 31 јануари 2024 (МИА) - Американскиот заменик државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд пристигна во посета на Киев, објави американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на социјалната мрежа Х.

„Денеска ќе се сретнеме со владините лидери, ветераните и претставниците на граѓанското општество за да ја нагласиме нашата заедничка посветеност за поразување на руската агресија во Украина“, напиша Бринк.

Нуланд пристигна во Украина на разговори во услови на зголемена неизвесност околу американската економска и воена помош за Киев додека руската војна против Украина се приближува на втората годишнина.

Украина во голема мера се потпира на поддршката на своите западни сојузници за да ја спречи целосната инвазија на Русија, која започна на 24 февруари 2022 година. ссм/

фото: Икс

Остани поврзан