• среда, 24 јули 2024

Замена на водоводни цевки во општина Старо Нагоричане

Замена на водоводни цевки во општина Старо Нагоричане

Куманово, 8 ноември 2023 (МИА) - Почна замената на водоводни цевки во маалата Ѓорговци, село Младо Нагоричане, информираа денеска надлежните од општина Старо Нагоричане. Заемната на цевките поставени пред триесет години е проект на општината.

- Започна делумна реконструкција на потис на водоводни цевки, замена на стари челични со нови цевки во Ѓорговци во должина од 1.400 метри. Реконструкцијата се прави после 30 години. Очекуваме бенефит да имаат жителите од Света Петка сè до Војник. Одвоени се 1,2 милиони денари, изјави заменик градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски.

Во општината се реализираат и други проекти, тампонирањето на патишта од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до село Стрновац. ам/дма/


Фото: Општина Старо Нагоричане

 

 

Остани поврзан