• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија

Заев: Го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.

Тој посочува дека на тој начин го помагаат информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик.

-Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора, напиша Заев на ФБ.

Деновиве логото на фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се најде на насловната страна на најновиот (јулски) број на „Преспа“ – весник на заедницата на Македонците во Албанија, како сведоштво за поддршката на нашата фондацијата за понатамошното редовно излегување на овој весник.

На тој начин, фондацијата го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата Македонците во нашиот западен сосед, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права. дма/нд/

Фото: Фејсбук на Зоран Заев

 

 

Остани поврзан