• среда, 25 декември 2024

Заев: Внатрешното и меѓусебно помирување главен темел за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување

Заев: Внатрешното и меѓусебно помирување главен темел за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување
Скопје, 14 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил им го честита на православните христијани празникот Прочка.
-Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите, напиша Заев во објавата на Фејсбук.
-Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани. Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден, додаде Заев. ац/

Остани поврзан