Заев, Димитров и Османи во разговор со Сасоли: С. Македонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ
- Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска остварија онлајн средба со претседателот на Европскиот парламен

Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска остварија онлајн средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, во рамките на целодневната агенда за видеоконференциски разговори со највисоките претставници на институциите на ЕУ, на која заеднички е констатирано дека во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија е нотирана добра испорака на земјата на нејзините обврски од ЕУ агендата и оти таа е подготвена да продолжи со напредокот во целиот спектар на поглавјата на правото на Унијата, со фокус на владеењето на правото, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата е целосно посветена да ги реализира сите препораки од извештајот и дека патот на трансформацијата на земјата согласно европските стандарди е неповратен процес.
- Со натамошното преструктуирање на нашето општество и со детерминираната решеност, Северна Мекедонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ, и во прифаќањето на заедничките европски вредности за демократска стабилност, за владеење на правото и за економски просперитет, истакна премиерот Заев на онлајн средбата со претседателот на Европскиот парламент Сасоли.
