• сабота, 27 јули 2024

„Зад кулисите“, изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски

„Зад кулисите“, изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Во МКЦ вечерва Александар Томовски ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Зад кулисите“. Томовски (1985 година, Скопје) е софтверски инженер преку ден, фотограф и филмаџија во слободното време. Низ годините учествува на многу престижни меѓународни натпревари и групни изложби во истакнати галерии, стекнувајки се со златни, сребрени, бронзени медали, почесни награди и дипломи. Го паметиме по успесите на филмот „Парадокс“, кој се здоби со над 15 интернационални награди. Во септември го стекна и престижното звање: кандидат мајстор на фотографија при Националната фото унија на Македонија. цр/мд/

Остани поврзан