• среда, 25 декември 2024

Задутре во струмичкиот регион по трет пат ќе се одржи еко акцијата „Чисти ридови за сите“

Задутре во струмичкиот регион по трет пат ќе се одржи еко акцијата „Чисти ридови за сите“

Струмица, 24 март 2023 (МИА) - В недела, по трет пат, во сите четири општини во струмичкиот регион-Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе се организира еколошката акција „Чисти ридови за сите“.

Според организаторот, Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица, во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци, а комуналните претпријатија ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција.

-На природата и треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата, уништувањето на животните доведува до смрт на природата. Дополнително, создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме. Оваа еко акција „Чисти ридови за сите“ веќе неколку пати покажува пример како наместо да се загадува животната средина, таа редовно треба да се чисти и штити, а во соработка со речиси сите општествени чинители како и да се креира една континуирана стратегија сè со цел и местата каде луѓето се уште не водат доволно грижа за овој клучен момент да бидат запознаени кои се бенефитите од здрава и чиста животна средина, велат организаторите.

Додаваат дека со оваа акција остават позитивен пример и за идните генерации, бидејќи никој не сака загадена почва, вода и воздух, а „Чисти ридови за сите“ и други еколошки акции треба да се случуваат почесто. рт/дма/

Фото: плакат акција

Остани поврзан