• сабота, 23 ноември 2024

Заврши Третиот меѓународен конгрес на медицинските сестри

Заврши Третиот меѓународен конгрес на медицинските сестри

Скопје, 8 октомври 2024

Почитувани, ве известуваме дека изминатиов викенд, во периодот од 4ти до 6ти октомври се одржа Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.

Импозантната посетеност на учесници и предавачи од регионот и пошироко ја потврдија единственоста на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ кои како организатори на овој голем настан придонесуваат за унапредување на сестринската професија во нашата земја.

И оваа година Конгресот на медицинските сестри е поддржан и реализиран под покровителство на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС).

Свеченото отварање традиционално започна со интонирање на македонската химна и поздравен говор од претседателот на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска.

Поради континуирани ангажмани, најавеното присуство на Претседателот на Р. С. Македонија, Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова, на Свеченото отворање на Конгресот не се случи, но искажуваме голема благодарност за испратеното писмо, во знак на поддршка кон нашата професија.

Искажуваме голема благодарност и за присуството на членовите на почесниот одбор: заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски, претставник од кабинетот на министерот за здравство Сабрие Азири, шеф на протокол, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии, проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет, проф. д-р Нико Беќаровски, УК за токикологија, проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, д-р Емил Стоицовски, медицински директор на Жан Митрев Клиник, д-р Борче Јовчевски, градоначалник на општина Штип, Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Р. С. македонија, доц. д-р Ведрана Вејзовиќ од Универзитетот во Малме, Шведска, прим. д-р Таше Трпчевски, директор на ПЗУ “Плодност“, д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за примарна здравствена заштита, човечки ресурси и ургентни медицински тимови на СЗО, доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската асоцијација ЕСНО, м-р Горан Мошиќ, претседател на БАМС, Раденка Ќираковиќ, претседател на здружение на здравствени рабоници - Лозница, Гордана Драгошев, претседател на здружението „УИНАРС“ од Србија, Марија Галич, претседател на УМСТ КЦ „Сестринство“ од Србија, проф. д-р Тања Јовановска, ВМШ Битола, Добрила Пејовиќ, прва главна медицинска сестра на КЦ Србија, како и на претставниците на граѓанските здруженија на пациенти РАСТ, ХЕМА и НЕФРОН и координаторите во Унијата: Ирена Нечовска, претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“, Наџије Фетаи, претседател на ЗМСТЛА „Флоренс Најтингејл“ - Тетово, Џеват Салија, претседател на ЗМСТАЛА - Гостивар, Ивица Билбиловски, претседател на ЗМСТА – Гостивар и Тони Јакимовски, претседател на СМТЛ - Тетово.

И оваа година по втор пат беа доделени специјалните повелби од прв ред „Славјанка Влахчева“, за посебен придонес во развојот на сестринството во нашата земја.

Како покровители на оваа повелба и одликување се појавува семејството на првата медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева, општина Штип и почесниот конзул на Р. Србија во Р. С. Македонија, Михајло Филев кој е всушност и креатор на брошот кој е специјално дизајниран за оваа пригода.

Оваа година добитнички на повелбата беа м-р Наџие Фетаи, претседател на ЗМСТАЛ „Флоренс Најтингејл“ од Тетово и сестра Лилјана Шаревска од ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.

Конгресот официјално беше отворен со панел дискусијата на тема: „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.

Односи со јавноста и комуникација со медиуми на ЗМСТАС - ЗА НАС

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан