• четврток, 06 март 2025

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Христијан Карпош“

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Христијан Карпош“

Штип, 5 февруари 2025 (МИА) – Со поставување на вториот слој на асфалт денеска заврши целосната реконструкција на улицата „Христијан Карпош“, која е и главна улица во населбата Леваци. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека со подобрување на временските прилики, асфалтните бази почнаа со работа, со што улиците кои чекаа втор асфалтен слој деновиве ќе бидат и комплетно завршени. За реконструкција на улицата „Христијан Карпош“ инвестирани се 3,5 милиони денари од буџетот на Општина Штип.

-Официјално почнува сезоната за асфалтирање. Во изминатиот период се работеше на неколку локации за припрема, коишто деновиве ќе бидат асфалтирани. Во моментов се наоѓаме во населба Леваци, овде се работи на вториот асфалтен слој на улица „Христијан Карпош“, ќе се асфалтираат и позициите во градот, каде што претходно се работеше на подготовки, какошто е конзолата на реката Отиња, вели Јорданов.

Тој најави дека оваа година ќе има градежна офанзива и ќе се реконструираат улици, кои во изминатите 40 години не биле ниту со замената со водоводна и канализациона мрежа, ниту пак биле асфалтирани. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан