• сабота, 16 ноември 2024

Заврши поставувањето на фотоволтаични панели на општинската зграда и спортската сала во Дебар

Заврши поставувањето на фотоволтаични панели на општинската зграда и спортската сала во Дебар

Дебар, 22 август 2024 (МИА) -  Заврши поставувањето фотоволтаични панели на општинската зграда и големата спортска сала во Дебар, кој со поддршка на Центарот за развој на  југозападниот плански регион се реализира овој проект.

-Општина Дебар реализира уште еден многу значаен проект од областа на енергетската ефикасност на објекти, што значи најефикасна употреба на обновливите извори на енергија, во овој случај сончевата енергија. Со овој проект ќе имаме помали сметки за струја и заштеди во општинскиот буџет. Комисијата изврши проверка и ја прифати реализираната активност, чиј изведувач беше фирмата „Квазар“ од Скопје. Сега останува само дозволата за приклучување во електромрежата, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

Според него, поставени се 90 панели, што значи 40 киловолтен систем, на големата спортска сала. Истото се однесува и за општинската зграда. За поставувањето на фотоволтаичните панели на споменатите два објекта од Центарот за развој на југозападниот плански регион општината добила над 2,74 милиони денари.

Општина Дебар е подрачје каде сонце грее во 265 дена во годината. Во општинската зграда, освен локалната самоуправа просторно се сместени и подрачни единици и канцеларии на министерства и други државни институции. Во големата спортска сала, пак, изградена со европски средства, се одржуваат многу спортски и културни активности.

-Во тек е проектот за изградба на целосно нова фасада со сите современи параметри за изолација (енергетска ефикасност) во деветгодишното општинско училиште „Саид Најдени“. Треба да се напомни дека сите училишни објекти во нашата општина се комплетни како инфраструктура која овозможува посовремени услови за одвивање на образовниот процес, но и поголема заштеда на средства. И овој проект е финансиран од Центарот за развој на  југозападниот плански регион, рече Дука.

Тој искажува голема благодарност за соработката и досегашната поддршка на Центарот, со чија финансиска поддршка реализирани се повеќе проекти, меѓу кои и целосната реконстркција на стариот објект на територијалната противпожарна единица. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан