• вторник, 24 декември 2024

Завршија реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа во село Ростуше

Завршија реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа во село Ростуше

Дебар, 3 декември 2024 (МИА) - Во село Ростуше, седиште на општина Маврово и Ростуше, завршени се реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа, зафат во интерес на над 1.500 жители.

Како што изјави за МИА, градоначалникот Медат Куртовски, проектот е поддржан преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, а финансиран од Министерството за локална самоуправа, швајцарската Влада, Општина Маврово и Ростуше, спроведуван и ко-финансиран од Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП.

 - Селската водоводна мрежа во село Ростуше беше застарена, а згора на тоа, дел од домаќинствата не беа опфатени. Мене, како градоначалник, ме радува фактот што граѓаните на форумите на заедниците ја препознаа важноста од водоснабдувањето во ова село и го поддржаа проектот, како приоритетен. Со финализирање на овој проект, на мое големо задоволство, но, секако на жителите, реализирано е едно од основните човекови права, а тоа е снабдувањето со вода за пиење, рече Куртовски.

Според него, вкупниот буџет за овој проект е 2.913.990 денари од кои 2.369.074 е грант на проектот, додека 544.916 денари - кофинансирање на општината.

Старата водоводна мрежа биле изградена во 1958 година, а со реализиацијата на проектот, сега се опфатени сите потрошувачи и редовно добиваат квалитетна вода за пиење. вт/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан