• сабота, 23 ноември 2024

Завршени општи претреси за неколку закони, ќе се гласа дополнително

Завршени општи претреси за неколку закони, ќе се гласа дополнително

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Пратениците денеска, во рамки на трите закажани седници, 131, 138. и 145., ги завршија општи претреси на неколку закони. Гласањето по овие точки, како што информира потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, ќе биде дополнително закажано.

Завршени беа општите претреси по Предлог-законот за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Северна Македонија за денационализација кој беше ставен на 131. седница,  Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта кој беше дел од 138. седница, како и дополнетиот Предлог-закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, кои беа во рамки на дневниот ред на 145. седница.

Сите предлог-закони треба да се донесат по скратена постапка. мч/ев/

фото: принт скрин

Остани поврзан