• среда, 20 ноември 2024

„Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа од десет дена

„Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа од десет дена

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Две кафулиња добија забрана за работа од 10 дена, откако по зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.

Како што се наведува во соопштението на Општина Центар, поради пречекорување на работното време до еден часот по полноќ, на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“, пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден, по што истите ќе бидат пломбирани.

- Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време, по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обѕир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина, нагласуваат од Општината. бд/ац/

ФОТО: Принтскрин/ Лого/ Веб-страница на Општина Центар

Остани поврзан