Забрана за товарни моторни возила на регионалните патишта Маврово - Дебар и Никфорово - Леуново - Бунец
- Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување. Има забрана за товарни моторни возила на регионалните патишта Маврово - Дебар и Никфорово - Леуново - Бунец, информираат попладнево од АМСМ.
Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување. Има забрана за товарни моторни возила на регионалните патишта Маврово - Дебар и Никфорово - Леуново - Бунец, информираат попладнево од АМСМ.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, како што се истакнува во соопштението, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
- Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, потенцираат од АМСМ. бд/дма/
Фото: Принтскрин / веб-страница на АМСМ