• вторник, 24 декември 2024

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Остани поврзан