• сабота, 06 декември 2025

Жеден еж спасен по пожар во Грција

Жеден еж спасен по пожар во Грција

Атина, 24 јуни 2025 (МИА) – Меѓу остатоците од пожар и откако бил целосно изгаснат, грчки пожарникар пронашол мал (жеден) еж, го спасил и му дал вода, а видеото на социјалните мрежи го објавија од Противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, ежот бил спасен по вчерашниот пожар во Килкис (Кукуш) во северна Грција, во близина на границата со нашата земја.

Пожарникарот меѓу изгорената површина го забележал ежот и го спасил. ср/

Фото/Видео: Противпожарна служба на Грција

 

Остани поврзан