Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет откажана бидејќи Србија се најде во иста група со Косово
- Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово.

Копехаген, 21 март 2024 (МИА) - Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово.
Причина за прекинот на ждрепката и новото извлекување е тоа што двете земји се најдоа во иста група.
Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена.
„Орлите“ беа сместени во групата четири, со Летонија, Италија и Шпанија, но дури откако се повтори ждрепката.
Континенталниот шампионат во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а составот на осумте квалификациски групи беше решен со ждрепка. дс
Фото: Принтскрин