• вторник, 24 декември 2024

ЕУ ја прошири листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда 

ЕУ ја прошири листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда 

Брисел, 25 март 2024 (МИА) - Советот на ЕУ денеска одлучи да додаде уште две лица на листа на поединци, групи, компании и субјекти кои се предмет рестриктивни мерки поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува за Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, која оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и за организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо. 

Со денешна одлука, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и 6 групи. Тие се подложени на замрзнување на имотот, како и на забрана за лица и субјекти од ЕУ да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ. 

Како што соопшти ЕУ, со оваа одлука се потврдува нејзината решеност на спротивставувањето на континуираната терористичка закана од Ал Каеда, ИД и нивните регионални ограноци.  

- ЕУ останува посветена на преземање решителна акција против оние кои продолжуваат да го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност преку планирање, финансирање и извршување терористички напади и со ширење на нивната смртоносна терористичка пропаганда низ светот. 

Соодветните правни акти се објавени во Службениот весник на ЕУ, се додава во соопштението. 

Лани на 23 октомври 2023 година, Советот на ЕУ го продолжи механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година. 

Остани поврзан