• вторник, 17 март 2026

ЕУ санкционира девет лица за масакрот во Буча и четворица пропагандисти

ЕУ санкционира девет лица за масакрот во Буча и четворица пропагандисти

Брисел, 16 март 2026 (МИА) – Европската Унија воведе санкции за девет лица, кои биле вмешани во масакрот во Буча во 2022 година и четири лица вклучени во руска дезинформација и мешање во странство.

Во Буча, град во близина на Киев, за време на 33-дневната окупација од страна на руските сили во 2022 година, според Украина, убиени се повеќе од 1.400 луѓе.

Советот на ЕУ соопшти дека меѓу санкционираните лица е и генералот Александар Чајко, „највисокиот руски воен офицер кога руските трупи влегоа во Буча“.

ЕУ, исто така, санкционираше неколку наводни пропагандисти од Кремљ, вклучувајќи го и Адриен Боке, руско-француски државјанин, кого францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска го нарече „клучен регрутер на странски борци за Украина, одговорен за глорифицирање на воени злосторства, а исто така одговорен и за кампањи за дезинформации во Европа и Африка“. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан