• петок, 05 декември 2025

Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Охрид, 31 мај 2025 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Охрид со 27-23 (11-12) во „Билјанини извори“ и се пласираа во финалето на Купот на Македонија, каде ги очекува пресметка со скопски Вардар. 

Битолскиот тим имаше негатива против домаќинот на завршниот турнир, но на крајот успеаја со многу борба да стигнат до пресврт и пласман во дуелот за трофејот.

Најефикасен на дуелот беше Филип Кузмановски со 7 гола. Никола Митревски запиша 14 интервенции.

Финалето меѓу Вардар и Пелистер е закажано за утре со почеток во 17:30 часот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан