• среда, 25 декември 2024

Ер-Франс-КЛМ дефинтивно го приземјува Ербас А380

Ер-Франс-КЛМ дефинтивно го приземјува Ербас А380
Париз, 20 мај 2020 (МИА) – Групацијата Ер Франс-КЛМ најави, дека како резултат на пандемијата на коронавирусот, дефинитивното прекинува со употреба на авионите Ербас А380, што првично беше планирано за крајот на 2022 година, јави дописникот на МИА. -Соочена со кризата со Ковид-19 и со оглед на нејзиното влијание врз очекуваните нивоа на активност, групацијата „Ер Франс-КЛМ “ денеска најавува дека ќе престане со користење на Ербас А380 на Ер Франс, се вели во соопштението на групата. Понатаму се нагласува н дека ова исто така одговара на желбата да се поедностави нејзината флота и да се намалат нејзините емисии на штетни гасови. Прекинот на користењето на Ербас А380 ќе резултира со 500 милиони евра на сметките на групата кои ќе бидат резервирани во вториот квартал како тековни трошоци. Ер Франс поседува пет А380 и изнајмува уште четири. „Ербас А380 ќе биде заменет со авиони од новата генерација, како што се„ Ербас А350 “и „Боинг 787 “, чии испораки се во тек“, додава „Ер Франс-КЛМ“. тг/  

Остани поврзан