• вторник, 26 ноември 2024

Ердоган им ги предаде клучевите од новите станови на граѓаните погодени од разорниот земјотрес

Ердоган им ги предаде клучевите од новите станови на граѓаните погодени од разорниот земјотрес

Анкара, 3 февруари 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ги предаде клучевите од новоизградените домови на граѓаните кои останаа без покрив над главата во разорниот земјотрес пред една година во провинцијата Хатај.

-Денеска во Хатај им ги предаваме клучевите од становите на 7.275 корисници, од кои 6.572 се во нашите провинциски и окружни центри, а 703 се во руралните области, рече Ердоган, јавија турските медиуми.

Тој потсети дека земјотресот на 6 февруари 2023 година предизвика големи разурнувања во 11 провинции, 124 окрузи, 7.000 села и населби, а катастрофата директно погоди 14 милиони граѓани.

-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Северна Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите п

Во рамки на градежните работи кои моментално ги изведува во регионот Министерството за животна средина и урбанизација, 110.450 работници работат на околу 930 градилишта во 11 градови погодени од земјотресот.

Во подрачјето погодено од земјотресот во рок од два месеца на корисниците ќе им бидат предадени клучевите од 75.364 домови, а до крајот на годината вкупно 200 илјади.

Според проценката на штетите во 11-те градови погодени од земјотресот, вкупно 850 илјади единици, од кои 680 илјади домови и 170 илјади комерцијални објекти, биле сериозно оштетени и неупотребливи.

Штетата предизвикана од земјотресот беше проценета на 104 милијарди долари, додека повеќе од 53 илјади луѓе загинаа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан