• сабота, 20 декември 2025

ЕП одобри нови царини за руски и белоруски ѓубрива и земјоделски производи

ЕП одобри нови царини за руски и белоруски ѓубрива и земјоделски производи

Брисел, 22 мај 2025 (МИА) – Пратениците во Европски парламент денеска го поддржаа предлогот за зголемување на царините за ѓубрива и одредени руски и белоруски земјоделски производи со цел да се намали зависноста на ЕУ од овој увоз.

Предлогот за зголемување на царините за 50 отсто за земјоделските производи од Русија и од Белорусија е доставен од Европска комисија.

Новите царини ќе влијаат и на шеќерот, оцетот, брашното и храната за животни, објави Парламентот.

Предвидени се царини од 6,5 проценти за ѓубрива увезени од Русија од Белорусија, плус царински давачки помеѓу 40 и 45 евра по тон во 2025 и 2026 година, така што до 2028 година тие ќе изнесуваат 430 евра по тон.

Регулативата сега мора формално да биде усвоена од Советот, а потоа мора да биде објавена во службен весник пред да стапи во сила. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан