• петок, 20 декември 2024

ЕПП ќе остане најмоќна политичка група во ЕП што ги зголемува шансите на Фон дер Лајен за втор мандат

ЕПП ќе остане најмоќна политичка група во ЕП што ги зголемува шансите на Фон дер Лајен за втор мандат

Берлин, 9 јуни 2024 (МИА) - Европска народна партија (ЕПП) чиј кандидат за нов мандат за претседател на Европската комисија е Урсула фон дер Лајен, се движи кон победа на изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните резултати што ги објавија германските радиодифузери АРД и ЗДФ.

ЕПП би можела да заврши со околу 180 од вкупно 720 места во новиот состав на Европски парламент, што е стабилен резултат во споредба со изборите во 2019 година кога освои 176.

Резултатот ги зајакнување шансите на Фон дер Лајен за уште еден мандат како претседател на Европската комисија.

Втора најсилна група и во новиот парламентарен состав остануваат централно-левичарските социјалдемократи, кои би можеле да завршат со околу 135 пратеници. По нив ќе бидат либералите, со освоени меѓу 81 и 87 места, што е дваесетина пратеници помалку од досега.

Екстремната десница Идентитет и демократија (ИД) ќе добие околу 70 места, а помалку радикалната, но евроскептична група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) ќе има нешто помалку од 80 пратеници.

Зелените ќе забележат значителен пад, со освоени помалку од 60 места во Европскиот парламент.

Во новиот состав на ЕП пратеници ќе има и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ќе биде претставувана како независна партија, бидејќи непосредно пред европските избори беше исклучена од групата ИД.

Генерално, десничарските партии веројатно ќе постигнат најголем изборен успех досега.са/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан