• вторник, 24 декември 2024

Епископ Антаниски г.Партениј се сретна со македонскиот в.д. амбасадор во Израел

Епископ Антаниски г.Партениј се сретна со македонскиот  в.д. амбасадор во Израел
Дебар, 28 септември 2022 (МИА) - За време на поклонението во Светата Земја, епископ Антаниски г. Партениј,  во Ерусалим се сретна со вршителот на должноста  амбасадор на Република Северна Македонија во државата на Израел, Мачеј Качоровски, информираа од Бигорскиот манастир.
На срдечната средба, која се остварила на молба на Качоровски, а на обострано задоволство, била споделена взаемната радост од големите настани што се случија последните неколку дена во Светиот Град.
- Средбата на нашето братство со Ерусалимскиот патријарх г. г. Теофил и историските сослуженија на Голгота, во сечесниот Гроб на Пресвета Богородица во Гетсиманија, на Сесветиот Гроб Господов и особено вчерашното во храмот на Воскресението Христово, по повод празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, наведуваат од манастирот.
Истовремено, додаваат, искусниот македонски дипломат, кој веднаш по прифаќањето на нашата Црква во богослужбено и канонско единство, во месец мај оваа година остварил средба по тој повод со патријархот Теофил, го изразил своето задоволство од црковната дипломатија на нашиот Свет Синод, кој преку молбата за апелација до Вселенската Патријаршија успеа да стигне до канонско единство и сослужение со помесните православни Цркви.
- Во контекст на ова, говорејќи од искуството насобрано од средбите со црковни великодостојници, Неговата Екселенција ја пренесе својата поддршка до нашите архијереи за довршување на преговорите со Вселенската Патријаршија, за добивање на Томос за автокефалност на Охридската Архиепископија, велат од Бигорскиот манастир. вт/ир

Остани поврзан