• недела, 06 октомври 2024

Елмас со гол ја почна новата сезона во Серија А

Елмас со гол ја почна новата сезона во Серија А
Неапол, 23 август 2021 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа се запиша во листата на стрелците во победата на Наполи над Венеција со 2:0. Македонецот кој во игра влезе во 35. минута, голот го постигна во 73. минута. Претходно, Лоренцо Инсиње донесе водство за домаќините. Ова беше натпревар од првото коло во новата сезона на Италијанското фудбалско првенство. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан