• вторник, 24 декември 2024

Елио ди Рупо: Европа треба да биде способна да се брани, за да има мир

Елио ди Рупо: Европа треба да биде способна да се брани, за да има мир

Брисел, 25 октомври 2024 (МИА) - Европа треба да биде способна да се брани под европски механизам за да ја постигне целта да има мир и да бара решенија во дијалог, изјави поранешниот белгиски премиер Елио ди Рупо, долгогодишен претседател на Франкофонската социјалистичка партија на земјата, во интервју за локалните медиуми.

„Ако не нападнат утре, ќе бидеме како голи, додава тој и напоменува дека Европа инвестира во одбраната речиси исто колку и САД.

„Верувавме дека нападот веќе не е можен, но мора да се одвикнеме од оваа мисла. Мора да имаме вредности - тие се основата на ЕУ и без нив сме ништо - но не смееме да бидеме наивни“, вели Ди Рупо.

Тој ја дефинира како позитивна намерата на Западот за приближување кон Русија по падот на Берлинскиот ѕид и изразува очекување дека еден ден ова прашање ќе се врати на дневен ред.

„Треба што поскоро да постигнеме прекин на огнот“, додава тој и коментира дека Европа не се чувствува безбедна пред руската закана. Според него, заканата не ја чувствуваат само соседните земји на Русија, туку дури и во Белгија.

Ди Рупо беше на чело на белгиската федерална влада од 2011 до 2014 година и ја водеше Социјалистичката партија вкупно 17 години. На почетокот на оваа година тој беше избран за европратеник од групата на социјалистите и демократите. паг/

 

 

Остани поврзан