• понеделник, 23 декември 2024

ЕК бара начини за спречување на дезинформациите, поголема заштита на малолетниците и помало влијание на славните на интернет 

ЕК бара начини за спречување на дезинформациите, поголема заштита на малолетниците и помало влијание на славните на интернет 

Брисел, 2 август 2024 (МИА) - Европската комисија се залага за подобрување на алатките поврзани со спроведувањето на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), пред се во делот на ограничување на ширењето дезинформации, заштита на малолетници од насилство и несоодветни содржини и регулирање на влијанието на познатите личности на социјалните мрежи и веб страниците. 

Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологии на Европската комисија (ДГ ЦНЕЦТ) распиша тендер, вреден 12 милиони евра, за избор на изведувач на систем за рано предупредување што ќе ги следи технолошките настани во реално време и појавата на нови системски ризици или дигитални закани на онлајн платформите.  

Компанијата што ќе победи на тендерот ќе треба да изработи алатки за следење и спречување на ризиците и за мониторинг на усогласеноста на онлајн пазарите и правилата за онлајн рекламирање. 

- Од изведувачот ќе се бара да изврши анализа на ризиците од зависност или опсесивно користење на услугите на социјалните медиуми, се вели во техничките спецификации на тендерот. 

null

Изведувачот исто така ќе треба да врши анализи на „улогата на познати личности при продажба и рекламирање на илегални производи“, како и да ги испитува „различните компоненти од искуствата што малолетниците ги имаат онлајн“. 

Како дел од напорите за заштита на малолетниците на интернет и спречување на создавањето онлајн зависност, ЕК предвидува во текот на оваа година да направи анализа на три директиви за заштита на потрошувачите за да се увиди дали е потребна нивна измена или усвојување на сосема нова регулатива. 

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при нејзиното обраќање пред реизборот во Европскиот парламент, најави дека меѓу нејзините приоритети во новиот мандат ќе бидат и заштита на малолетниците на интернет и спречувањето онлајн зависност 

Дополнително, ДГ ЦНЕЦТ објави извештај во кој се прави анализа на ширењето на дезинформации и лажни вести на интернет за време на изборите за Европарламентот во јуни и се повикува почитувањето на Кодексот за однесување кон дезинформациите од страна на онлајн платформите да биде формална обврска согласно ДСА. 

Австралиската полиција уапси 14 лица под обвинение за производство и дистрибуција на материјал кој содржи злоупотреба на деца преку Интернет во Австралија и во странство.

Кодексот, изработен во 2018 година како алатка за саморегулација, ги поставува стандардите на ЕУ за однос кон дезинформациите. Негови потписници, меѓу другите, се и компаниите „Мета“, „Мајкрософт“, „Гугл“, „ТикТок“ и „Твич“, Светската федерација на огласувачи и мрежата за проверка на факти „Ле Сирлињер“ (Нагласувачите). Меѓу потписниците на Кодексот беше и компанијата „Икс“ на Илон Маск, но таа се повлече од него во мај 2023 година. 

Европската комисија уште во март годинава иницираше дискусија за ревидирање на Кодексот со проширување на неговиот опфат. 

Кодексот сега е необврзувачки договор и неговото почитување од страна компаниите е на доброволна основа. Но, со плановите за негова ревизија се предвидува почитувањето на Кодексот да стане задолжителна обврска за интернет компаниите опфатени со Законот за дигитални услуги. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан