• вторник, 24 декември 2024

Екстремнодесничарскиот министер Бен-Гвир се закани дека ќе ја напушти израелската Влада доколку се склучи „непромислен договор“ со Хамас

Екстремнодесничарскиот министер Бен-Гвир се закани дека ќе ја напушти израелската Влада доколку се склучи „непромислен договор“ со Хамас

Ерусалим, 30 јануари 2024 (МИА) - Екстремно десничарскиот министер во коалициската влада на Израел, на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска се закани дека ќе го напушти кабинетот доколку се постигне неразумен договор со Хамас за ослободување на заложниците кои ги држеше радикалното палестинско движење во Појасот Газа.

-Непромислена зделка е еднакво на колапс на владата, напиша израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир, лидер на екстремно десничарската партија „Еврејска моќ“ („Осма Јехудит“), на социјалната платформа „Х“, пренесе БТА.

На почетокот на војната со Хамас на 7 октомври минатата година, Еврејската моќ имаше шест мандати од вкупно 64 за десничарската верска коалиција на Нетанјаху во израелскиот парламент - Кнесетот, каде има 120 места. Со избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа, премиерот ја повика 12-члената центристичка Партија за национално единство („Хамахане Хамамлахти“) да формира кабинет за време на војната.

Бен-Гвир и уште еден ултра-националистички коалициски партнер на Нетанјаху, министерот за финансии Безалел Смотрич, изразија иритација поради исклучувањето од новиот кабинет со ограничено присуство. Двајцата постојано бараа Палестинците да бидат протерани од Појасот Газа, од каде Израел ги повлече своите сили во 2005 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан