Еко акција во неготинско Вешје за почиста околина и заштита од пожари
- Еко акција беше реализирана во неготинско Вешје за почиста околина и заштита од пожари, информираа денеска од регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино, што долги години организира еко акции во тиквешкиот регион.

Неготино, 17 август 2025 (МИА) - Еко акција беше реализирана во неготинско Вешје за почиста околина и заштита од пожари, информираа денеска од регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино, што долги години организира еко акции во тиквешкиот регион.
- Викендов имавме еколошки активности во кругот на нашата рурална канцеларија во Вешје, заедно со жителите на селото. Значи организиравме волонтерска акција за превенција од пожари. Го исчистивме просторот околу објектот и клупите за одмор, отстранивме сува трева, плевел и отпад и оформивме безбедносен појас околу канцеларијата. Со ова ја намалуваме опасноста од запалување и го штитиме биодиверзитетот и домовите на нашата заедница, појаснија од еколошкото друштво.
Притоа беше упатена голема благодарност до сите мештани од Вешје кои се приклучија во акцијата, со алат и механизација.
- Тие се придружија на еко акцијата и со многу добра волја. Ова е пример како заедно се гради безбедна и убава средина за сите. Продолжуваме со редовни акции и апелираме до сите посетители да ја чуваат природата, апелираа од ова здружение на граѓани, што работи на решавање на еколошки проблеми. свд/мд/
Фото: Фејсбук на „Ековита“