• петок, 05 декември 2025

Економијата на Србија го задржа позитивниот тренд во 2024 година, нето добивката се намали за 9,9 проценти

Економијата на Србија го задржа позитивниот тренд во 2024 година, нето добивката се намали за 9,9 проценти

Белград, 21 јули 2025 (МИА) - Во текот на 2024 година, економијата на Србија одржуваше позитивен тренд и работеше профитабилно десетта година по ред, со зголемување на финансискиот капацитет и зачувана финансиска стабилност, се наведува во годишниот извештај за деловно работење објавен денес од Агенцијата за економски регистри (AПР). На крајот од минатата година, како што е наведено во соопштението, вкупно 112.670 компании имале ангажирани 1,3 милиони работници.

Економијата на Србија ја заврши 2024 година со позитивен нето резултат во износ од околу 866 милијарди динари, намален за 9,9 проценти во споредба со претходната година.

Вкупно 68.387 компании остварија нето добивка во вредност од 1.238 милијарди динари, нето загуба од 372 милиони динари евидентираа 31.069 компании, додека вкупно 13.214 компании не покажаа нето резултат.
Во Годишниот извештај се потсетува дека АПР има анализа на деловните перформанси и финансиската состојба за 112.670 компании, како и за 1.566 институции и 118.862 претприемачи.

Јавните претпријатија во Србија пријавија вкупна загуба од 317 милијарди динари во 2024 година, што е за 8,4 проценти повеќе од претходната година.

Загуби регистрираа 314 јавни претпријатија, при што 94 од нив го надминуваа износот на капиталот.

Во Годишниот извештај на AПР за работењето во 2024 година, се наведува дека вкупната нето загуба на јавните претпријатија изнесуваше 8,1 милијарди динари, додека во 2023 година изнесуваше 6,8 милијарди динари. зш/

Остани поврзан