• петок, 26 јули 2024

Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата

Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата
Пекинг, 11 септември 2022 (МИА) - Демографската криза во Кина може да доведе до забавување на економскиот раст на земјата во следните 10 години, прогнозира „Економист“. „Растот на БДП на Кина можеби е најголем во светот, но ќе почне да заостанува во следните 10-15 години, бидејќи демографскиот пад во НР Кина ќе стане поизразен“, забележува весникот. Изданието наведува дека кинескиот БДП во 2021 година достигнал 17,7 трилиони долари, а тој на САД сега изнесува 23 трилиони долари. Економскиот раст на Кина пропадна поради политиката на нулта толеранција за коронавирусот, тешката ситуација на пазарот на недвижности, технолошката војна со САД и одбивањето да се реформираат државните претпријатија. Во написот се наведува и дека кинескиот БДП се предвидува да порасне за 47 отсто до 2031 година со просечна годишна стапка на раст од 4 отсто. Во исто време, цените во Кина ќе пораснат за речиси една третина (+30%), а курсот ќе се зголеми за 13 отсто. На 6 септември, Ченг Хонгганг, висок соработник во тинк-тенк Таихе, изјави дека санкциите на ЕУ наметнати на Русија имале позитивно влијание врз трговските односи меѓу Русија и Кина. ссм/  

Остани поврзан