• четврток, 26 декември 2024

Екоакција во Тетово, градоначалникот со адиминистрацијата собираа отпадоци

Екоакција во Тетово, градоначалникот со адиминистрацијата собираа отпадоци
Тетово, 21 март 2022 (МИА) - Општина Тетово денеска по повод Денот на пролетта и планетата Земја ја организираше најавената голема еко-акција за чистење во градот. Градоначачникот Биљал Касами заедно со вработените од општинската администрација и јавните протпаетријатија од пред зградата на општината започнаа да се движат низ градот и да собираат расфрлани отпадоци. - На симболичен начин го прославуваме Денот на планетата Земја, со оваа акција за чистење на градот. Ова ќе биде една од низата акции за читење на градот со цел да ги сензибилизираме и информираме граѓаните дека доколку сакаме да живееме во чист град, чиста средина, треба да се научиме дека полесно е да не фрламе ѓубре отколку некој тоа ѓубре да го тргне од патот. Со општинската администрација, со средните училишта и со сите заинтересирани граѓани сакаме заедно да работиме за почист град, за почисти јавни површини со тоа што ЈКП ќе го направи својот дел, но доколку сите граѓани фрламе ѓубре сегде без контрола тогаш колку и да има вработени во ова претријатие не ќе можат да ги чистат нашите улици, нашите јавни површини, изјави Касами. На новинарските прашања колку и какви казни има изречено општината за фрлен смет, Касами немаше одговор. Најави поригорозни мерки пред се од превентивен карактер, а со цел спречување на фрлањето отпадоци на земја наместо во канти и контејнери. - Ние во моментот се обидуваме да обезбедиме контејнери секаде каде што има потреба иако и кај што има контејнери, луѓето фрлаат надвор од контејнерите. За да имаме процес на сензибилизирање, едуцирање на луѓето, за да дојдеме и до казните нас ни треба и систем на идентификација на тие кои ги прават тие злоупотреби. Во тој дел имаме разговарано со претпријатието во некои покритични локации да се инсталираат и камери кои можеби и се размислува да одат директно на веб-страната на општината. Секој граѓанин да може да види кој каде фрла ѓубре за преку тоа да се интервенира и да се преземаат мерки, изјави Касами. Еколошката акција, освен пред општината се одвиваше и во паркот кај Шарена џамија, економското училиште, спортски центар, Монопол и градскиот стадион. ас/мс/

Остани поврзан