Екипи на комналните претпријатија ги санираат штетите од невремето
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека по невремето што го зафати главниот град, нивни екипи се на терен и ги расчистуваат сливниците и шахтите.

Скопје, 30 август 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека по невремето што го зафати главниот град, нивни екипи се на терен и ги расчистуваат сливниците и шахтите.
Активностите ќе се продолжат се додека не се овозможи нормална функционалност на атмосферската канализација во сите делови на градот.
И екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и
сообраќајните површини, за да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Активностите се одвиваат во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија.
Ангажирани се сите расположливи работници, како и целокупната механизација, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.