• петок, 08 ноември 2024

Едукативна работилница за велешките ученици на тема „ Безбедноста во сообраќајот и младите“

Едукативна работилница за велешките ученици на тема „ Безбедноста во сообраќајот и младите“

Велес,17 септември 2024 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на Европската Недела на мобилност 2024, денеска во ООУ „Васил Главинов“ во Велес, се одржа едукативна работилница на тема „Безбедноста во сообраќајот и младите“ со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот.

Како што информираат од Општина Велес, предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата разговараа со ученици од училиштето. Учесниците на работилницата разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата, а придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската Недала на мобилност 2024, која Општина Велес ја организира со секојдневни активности сѐ до 22 септември, се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа на млади во Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес, Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Воедно од Општина Велес ги повикуваат сите жители да се придружат на овие активности. ад/ра

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан