Еден повреден од пожарот во Кочани префрлен во Кумановската болница
- Еден пациент од пожарот од Кочани е префрлен од Штипската во Кумановската болница, информираше директорот на кумановската болница д-р Стефан Трајановски.

Куманово, 16 март 2025 (МИА) - Еден пациент од пожарот од Кочани е префрлен од Штипската во Кумановската болница, информираше директорот на кумановската болница д-р Стефан Трајановски.
- Тој е со полесни повреди, не е во животно-загрозувачка состојба. Ќе се следи неговата состојба, изјави Трајаноски.
Кумановската болница од утрово е во потполна приправност, двојно се зголемени службите на одделенија за хирургија, анестезија, трансфузиологија и во болничката аптека. Од болницата информираа дека се во состојба на приправност и се подготвени со полни капацитет, кадровски, просторно да прифатиме пациенти од клиниките или од која било друга болница од државата. ам/бак/
Фото: МИА