• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еден загинат и 18 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси (ДПЛ)

Еден загинат и 18 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси (ДПЛ)

Атина, 24 март 2025 (МИА) – Во морскиот дел кај грчкиот остров Фармакониси што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, во вечерните часови во саботата, едно лице го загуби животот откако криумчарот во обид да побегне од брод на Крајбрежната служба на Грција во морето фрлил три лица кои се пренесувале во глисерот, а останатите 16 успеале сами да стигнат на копно, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба соопштија дека лицето кое управувало со глисерот не застанало на светлосните и звучните сигнали на бродот, извршил опасни маневри за да побегне и кога се приближил до брегот на Фармакониси, намерно фрлил во морето тројца од патниците, а останатите ги заплашил и ги принудил да паднат во вода со цел криумчарот веднаш да побегне кон турскиот брег и да избегне апсење.

Од морето биле извлечени маж и две деца во бессознание, им била пружена прва помош при што двете деца биле вратени во живот и заедно со уште едно дете и мајката биле префрлени во болница.

Мажот исто така бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт. 

Во текот на прелиминарната истрага, како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, било констатирано дека не постојат исчезнати лица. ср/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан